Ја влечел по бетон - граѓанин совлада разбојник на градски пазар во Скопје

Разбојник  на еден од градските пазари во Скопје, нападнал осумдесет годишна жена обидувајќи се да и го одземе паричникот.

При тоа, насилникот ја турнал жената и ја влечел по бетонот, по што почнал да бега, но од страна на очевидец на настанот бил совладан и  присилно задржан се до доаѓањето на полицијата.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Со оглед дека има околности што укажуваат дека осомничениот може да го повтори делото или да се даде во бегство, јавниот обвинител поднесе до судот и Предлог за определување на мерка – Притвор. Судот на осомничениот му определи притвор во времетраење од 30 дена.​