„Ја виде ли трудницава, во тесна блуза стомакот рипнат пред неа“

Стојам во автобус и слушам две тетки како ја оговараат девојката што слезе на станицата пред некоја минута.

„Ја виде ли трудницава, во хеланки и тесна блуза стомакот рипнат пред неа. Да бе некоја чудна мода тераат се знаеше во наше врме носиш ширко фустан и точка сега се во тено се пикаат, срамота“.

Се чуда и си мислам овие жени поминале низ целиот тој процес на бременост и што немаат никаква солидарност кон друга бремена жена. А, нели е поголема срамота и некултурно вие да не и го отстапите местото и да се туркате за да седнете први, а да ама затоа жената што во неа носи живот била недолично облечена?!

Кога ќе видат трудница младите само ќе си ја свртат главата, како да не ме гледаат. Ако некогаш ни се сретнат погледите, знае да им биде срам, па ќе станат. А пензионерите? Само ќе ја свртат главата, а вие можете да стоите до нив колку сакате.

Деца се учат, додека се мали во градинка, во училиште на основните бон тон правила во живото, а не пензионерите, ниту пак тинејџерите кои сметаат дека знаат се.