
Возрасна скопјанка насилно ограбена во Карпош, пред продажно место. Напаѓачот ја турнал на земја и ѝ украл накит.
- На 14.08.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје, Ј.М.(79) од Скопје пријавила дека на 13.08.2026 околу 17:50 часот пред продажно место на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на физичка сила ја турнало на земја и ѝ одзело личен накит, информираа од МВР.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.