Ја силувал, тепал и ја држел киднапирана - Млада девојка жртва на насилен скопјанец

Уапсен млад маж од скопско. Полицијата го приведе за физички напад, обљуба и закани кон 22-годишна жена. 

- На 05.03.2026 во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.А.(25) од скопско по претходна пријава дека на 23.02.2026 во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознале, а истата пристигнала од Германија и извршил обљуба врз неа, информираа од МВР. 

Како што наведуваат од полицијата, ѝ упатувал закани, а исто така во периодот додека била во неговиот дом не и дозволувал да излезе сама и ѝ го зел нејзиниот мобилен телефон.

Пред два дена жената успеала да се јави телефонски на нејзината мајка, истата алармирала во полиција, која пристигнала на посочената адреса и со направена проценка на ризик постапила.

Воедно е известен и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.