Ја прогонувал, ѝ се заканувал и ѝ ставил уред за следење на автомобилот - скопјанка малтретирана од бившиот

Маж прогонувал скопјанка со која порано бил во врска. Ѝ ставил и уред за следење на автомобилот. 

Како што соопшти полицијата, 31-годишна скопјанка пријавила дека во текот на минатата година, нејзиниот поранешен партнер од гостиварско ја следел и ѝ се заканувал, а исто така и ѝ го оштетил автомобилот, на кој претходно поставил уред за следење.

„На 5 март 2026, 31-годишна жена од Скопје пријави дека нејзиниот поранешен партнер З.А. од гостиварско, во текот на 2025 година и упатувал закани преку мобилен телефон и преку апликација на социјална мрежа. Според пријавеното, на пријавителката ѝ било оштетено и патничкото возило, а тој ја следел ѝ се заканувал, а имал поставено и уред за следење на нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.