Ја преживеал сообраќајката, починал подоцна од срцев удар

На 03.08.2021 во 21.00 часот на магистралниот пат Граничен премин Блаце -Скопје, Н.Б.(55) од Приштина, управувајќи товарно возило „ман“ со полуприколка, со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Н.Б. бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември" за укажување на лекарска помош, но починал од срцев удар.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.