Ја претепал сопругата во скопски Центар, па се обидел да избега: Уапсен хрватски државјанин на преминот Блаце

Вчера (28.08.2025) во 16:30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата полициски службеници го лишиле од слобода Т.К.(36) од Р.Хрватска.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил уапсен поради тоа што при извршена гранична контрола констатирано било дека истиот евидира со мерка „апси“ по барање од СВР Скопје.

Имено, истиот ден околу 09.00 часот во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.