Ја претепал 48-годишната сопруга, уапсен маж од Кичевo

Синоќа во 19:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(53) од Кичево.

Полицијата постапила по претходна пријава дека тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 48-годишна сопруга.

По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.