Ја натепал сопругата, па ги скршил мобилните на неа и на синот - уапсен 34-годишник од скопско

Синоќа во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Р.(34) од скопско.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 34-годишникот бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговата 35-годишна сопруга дека во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал и им ги искршил нејзиниот и мобилниот телефон на нивниот малолетен син.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.