Ја напушти жената поради својата секретарка, па следеше одмазда!

Сигурно ви се познати оние приказни каде мажот ја напушта својата жена поради секретарката. Па, ова е една од тие приказни, но епилогот е урнебесно смешен. 

По 37 години брак, човек по име Џејк, ја напушти својата сопруга Едит, поради својата секретарка. Новата девојка, имала барање да се пресели и живее во нивната семејна вила која Џејк и Едит заедно ја имаат направено. Добирте адвокати на Џејк биле пресудни тој да победи во спорот и да ја добие куќата. Едит добила ултиматум од судот да ја напушти вилата во рок од три дена. 

Таа ги спакувала работите и третиот ден седела во трпезаријата јадела шкампи и кавијар и уживала во вино, размислувајќи како да се одмазди. Ставила по малку од кавијарот и шкампите во корнизите во секоја од собите на куќата. Подоцна од смрдеата која се ширела бидејќи храната скапувала, Џејк и неговата нова девојка не можеле да поднесат да поминуваат време во домот. Се обидувале на секој можен начин да го решат проблемот но не успеале. Чистеле, користеле освежувачи за воздух, ги замениле теписите и намештајот, но никако не успеале да се ослободат од смрдеата.

По извесно време решиле да ја продадат куќата, но дури ни по ниска цена не можеле да најдат купувач. Едит му се јавила на Џејк кој и раскажал се во врска со нивниот проблем. Таа му кажала дека многу и недостига куќата и дека би сакала да се врати во неа без оглед на смрдеата. Тие договориле замена на домовите, но под услов тие да го однесат целиот мебел во новиот дом. Таа се согласила. 

Џејк и неговата љубовница во новиот дом земале се од мебелот, вклучувајќи ги и корнизите.