
65-годишник ја нападнал сопругата во семејниот дом, по што сам се пријавил во полицијата.
- На 02.09.2026 во 09:00 часот во ОВР Гостивар, 59-годишна жена од гостиварско село пријави дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.Т.(65). Подоцна, во 12:10 часот, Р.Т. сам се пријавил во полициска станица, по што е лишен од слобода и задржан, информираа од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.