
Вчера во 17:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Л.А.(35) од тетовско село.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 35-годишниот Л.А. бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом физички и психички ја малтретирал и ѝ упатувал закани.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.