Извршено второ прскање против лаври од комарци во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска информираше дека било извршено второ прскање против лаври од комарци во општината.

Во објавата на Фејсбук, тој посочи дека биле опфатени сите водени површини долж отворените одводни канали на Сува Река, како и вештачката акумулација во Бучинци.

„Согласно елаборатот и планот, второто прскање против лаври од комарци ги опфаќа сите водени површини долж отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), коритото на Сува Река, како и вештачката акумулација во Бучинци, на вкупна површина од околу 50 хектари“, напиша Георгиевски.