Извршено ноќно обележување на хоризонтална сигнализација во голем дел од градот

Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје по налог на Град Скопје во текот на изминатата ноќ ја обележија хоризонталната сигнализација во Централното градско подрачје во насока од булеварот Св.Кирил и Методиј кај зградата на „Нова Македонија“ до булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов. Обележана е површина од 5.700 метри квадратни и машински се обележани надолжните линии.

Се обновуваше и избледената хоризонталната сигнализација на такси станиците во населба Автокоманда на булевареот Александар Македонски кај хотел „Континентал“ обележани се такси станици со капацитет од пет места за такси возила, на улицата Коце Металец кај Поликлиника „Ремедика“ со капацитет за три такси места и на улица Јани Лукровски кај спортска сала „Металург“ со осум места за такси возила.

Ноќното обележување ќе продолжи да се одвива и во наредниот период и на другите градски сообраќајници предвидени во динамиката за обележување од Град Скопје.