Извршени превентивни ушни прегледи на децата од Детската градинка- ,,Росица”

Со цел рано открвање на евентуалните проблеми со слухот, Детската градинка- ,,Росица” во соработка со Универзитетската клиника за уво, нос и грло изврши превентивни прегледи на децата од завршните групи.

Балканското здружение на оториноларингологија и хирургија на глава и врат,  иницира истражување на  преваленцата на Серозен Отитис  Медија кај деца на возраст од 4-7 години, во Балканскиот регион.

По претходно добиена согласност од родителите, денеска околку 60 дечиња беа прегледани од врвите доктори на Клиниката.  Преваленцата на Серозен Отитис  Медија кај деца на возраст од 4-7 години е честа состојба на средното уво кај претшколските деца, која многу често може да се превиди, а да биде причина за прогресивно намалување на слухот.

Навременото откривање ќе овозможи навремен третман  и сперчување на било какво оштетување на слухот.

Во студијата ќе учествуваат 16 земји и од добиените резултати ќе се овозможи утврдување на влијанието на географската  локација,  климатски фактори, и  надморската висина , врз фреквенцијата на Серозниот  Отитис  Медија.