Извонредниот Tom Odell доаѓа во Скопје!

Суперквалитетниот TOM ODELL доаѓа во Скопје, на 13- ти февруари 2019 година во СРЦ Кале.


Извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната „Another Love“, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен „Jubilee Road“, доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу.

Сме имале можност да го гледаме ТOM ODELL во живо на некои регионални фестивали и тоа е перформанс кој едноставно не смее да се пропушти!