Извини Скопје, веројатно ние не сакаме да живееме во убав град!

Денес заедно со нашиот драг инстаграмџија Бомбакис праќаме една моќна и тажна порака за нашето Скопје. За жал не научивме да го чуваме овој град и да придонесуваме за средината во која живее. Извини Скопје, но веројатно сме немоќни за екологијата, културата и хигената во градот.

Живеме во мал и убав град. За голем дел од турустите Скопје е вистински бисер во овој дел од Европа, град кој со задоволство го посетуваат, но веројатно ние не знаеме да го сакаме и чуваме ова убаво место. 

Спрегата помеѓу бизнисот и политиката, високото ниво на корупција и ниското ниво на лична одговорност и свест секојдневно ја уништуваат животната средина и од Скопје прават урбана џунгла во која тешко се живее и функционира. Град кој секојдневно тоне во урбан хаос и најзагадена метролопа во Европа. Состојбата од година во година се менува, а никој со мал прст не мрднува за ова. Политичките елити го гледаат Скопје како град за политички натпевар, во кој улиците се реконструрираат и санираат на шест месеци пред избори. 

Извини Скопје, но веројатно ништо не можеме или не сакаме за:

Лошо паркираните автомобили

Преполните контејнери, ѓубрето покрај нив и лошата хигиена пред зградите

Скршените клуп низ град и на средно Водно

Брзото возење и лудувањето на црвено светло

Урбаното дивеење и градењето згради на секој чекор

Не научивме дека ќе биде жешко и загадено се додека ги сечеме дрвата, градиме улици и го уништуваме Водно. Нема да се живее во Скопје се додека ги лепиме зградите една до друга и нема да биде безбедно нашите деца да возат велосипед се додека возиме како луди.

#ИзвиниСкопје