Известување до сите посетители на Палма Мол

Палма Мол ги известува сите посетители на трговскиот центар, дека во функција е новиот внатрешен паркинг простор на ниво -1 и -2 и дека тој е единствениот паркинг со кој располага и администрира трговскиот.

Новиот паркинг е направен според сите најнови светски стандарди и порписи. Има капацитет за 880 паркинг места, целосно е обележен со комуникациски знаци, систем за против пожaр, хидранти, места за инвалиди. Паркингот е направен и приспособен да можат да влегуват комбиња и камиони за дотур на роба со висина до 300цм. Воедно во пракингот се наоѓа професионална авто перална и други сервис продавници.

Како и досега, паркингот за сите посетители на трговскиот е БЕСПЛАТЕН.

Напомена: надворешните споредни паркинг простори не се во сопственост и администрирани од трговскиот центар Палма Мол и немаат надлежност над истите доколку се врши било какво наплаќање за користење на паркинг услугите на тие простори.

Трговскиот центар Палма Мол не престанува да ги изненадува своите посетители нудејќи им комфор и воведувајки нови бреднови како KFC, JYSK, TOP SHOP CELMO Pet Shop TINA-VET и многу други.

Палма Мол се постојано присутни со нови содржини и активности кои што вашите секојдневни потреби за купување ги претворат во вистинско задоволство.