ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Делови од Скопје утре без струја

Без електрична енергија утре од 9 до 13 часот, корисниците од с.Љубин во општина Сарај, а од 8 до 16 часот, корисниците на дел од ул.„58“ во с.Волково во општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД, без електрична енергија утре 08:30 до 14 часот, ќе бидат корисниците на дел од ул.„Московска“ кај пазарот, дел од ул.„Лондонска“ кај Топлификација, дел од ул.„Варшавска“ во општина Карпош, а од 09:20 до 15 часот, дел од корисниците од с.Долно Блаце, Блаце, Граничен премин, дел од с.Горно Блаце во општина Чучер Сандево.