Извештајот на странската комисија за непотребните операции нема да биде објавен јавно - еве која е причината!

Министерот за здравство, Азир Алиу информираше дека дека целосниот извештај од странската експертска комисија, кој потврди сомнежи за непотребни операции во девет случаи, нема да биде достапен за јавноста.

Причината за ваквата одлука била заштитата на приватноста и медицинските податоци на третираните пациенти.

Министерот потенцираше дека извештајот содржи премногу сензитивни детали кои подлежат на Законот за заштита на личните податоци. Според Алиу, во вакви специфични случаи не е доволно само да се сокријат имињата. Комбинацијата од дијагнози, датуми на интервенција и специфични клинички текови може лесно да открие за кои пациенти станува збор.

Странската комисија по извршениот независен увид на 13 претходно издвоени предмети, утврди дека кај девет пациенти постојат сериозни сомнежи за несоодветни дијагностички евалуации и индикации за хируршки процедури.