Изведба каква досега не сте слушнале: Детски црковен хор ја пее „Вечниот Бог“ (видео)

Црковниот хор на децата од Велгошти ја пеат песната „Вечниот Бог“.

Вечниот Бог слезе и во Дева се всели;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Мудреци од Исток доаѓаат,
дарови да принесат достојни;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи.

Во описот на видеото стои благодарност до црковниот одбор на Село Велгошти, до општина Охрид и посебна благодарност до покојниот градоначалник на Охрид, Проф. Д-р Јован Стојаноски.

 

new nike air max 2019