Изречени 37 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

Полицијата вчера, во периодот од 06 до 10 часот, на територија на државата спроведе  акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, при која, како што информираат од МВР,  констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 13 возила.

-Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, се наведува во  соопштението од МВР.