Изречени 228 казни за возачите во Скопје

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина се 28 санкции, 24 мерки се за возење без возачка дозвола, 16 санкции се за возење под дејство на алкохол.

Од МВР денеска информираа дека се  изречени 24 санкции за немање возачка дозвола, 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, три мерки за возач почетник, 47 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР