Изречени 220 сообраќајни прекршоци во Скопје

Во текот на вчерашниот ден полицијата спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје, при што изречени се 220 мерки.

-Од вкупниот број, 162 санкции се изречени за брзо возење, 13 мерки за возење без возачка дозвола, а две за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се и 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за користење на мобилен телефон, седум за недавање првенство на минување на пешаци, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, со цел побезбеден сообраќај.