Изречени 179 казни за возачите во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, три  санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.