Изнајмил возило од рент а кар фирма, грчката полиција го запленила поради криумчарење на мигранти

Вчера во полициска станица во гостивар управител на рент а кар фирма пријавил дека пред 1 месец склучил договор за изнајмување на возило кое не било вратено како што бил договорот за подоцна да дознае дека возилото е запленето од грчката полиција поради криумчарење мигранти.

„На 13.08.2024 во 13.30 часот во ОВР Гостивар, управител на рент а кар фирма пријавил дека на 10.07.2024 склучил договор за изнајмување на возило со Н.С. за периодот од 10.07.2024 до 14.07.2024, за што му била исплатена целата сума. Според пријавеното, лицето го известило дека со возилото ќе патува во Република Бугарија и на неколкудневен одмор во Република Грција, а откако не го вратил возилото според договорот ангажирал адвокат од кој дознал дека со возилото било извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и поради тоа било запленето во Република Грција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.