
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода бике 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, информираат од МВР.
Од таму посочуваат дека од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од село Света Петка, скопско, А.Р.(23) од село Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од село Мелница, велешко и Н.М.(28) од село Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.
Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје, додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од село Рашче, скопско.
По целосно документирање на случаите, од МВР наведуваат дека ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, порачаа оттаму.