Изминатото деноноќие уапсени 12 возачи - Десетмина од нив возеле без дозвола, од нив двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“,  информираат од МВР.

Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници. Еден возач возел под дејство на алкохол и еден возач управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана.

Оттаму посочија дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, порачаа од МВР.