
Утрово до 7.30 часот регистрирани биле вкупно 41 пожар на отворен простор, од кои шест се активни, пет се под контрола, а 30 се изгаснати.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица во општина Штип, каде што гори ниска вегетација), во селата Пискупштина, Луково и Буринец во општина Струга (шума), во село Копаница во општина Сарај (нискостеблеста шума и ниска вегетација), во село Палиград во Студеничани (ниска вегетација и мешана шума), во село Грачани во Ѓорче Петров (нискостеблеста шума) и во кичевското село Тајмиште, во местото викано Дардара, каде што е зафатена ниска вегетација и мешана шума.
ЦУК соопшти дека под контрола се пожарите во селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод: (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат), во село Драгов Дол во Македонски Брод: (ниска вегетација и шума), во село Белица во Македонски Брод (ниска вегетација и шума), над селото Палиград во општина Зелениково (мешана шума) и градската депонија во општина Делчево.
Триесет пожари се изгаснати:
- Општина Велес: с. Бузалково (стрниште);
- Општина Чашка: с. Теово (ниска вегетација);
- Општина Демир Капија: кај мостот Демир Капија (бали со сено);
- Општина Ново Село: с. Стиник (ниска вегетација и шума);
- Општина Ново Село: с. Ново Село (депонија);
- Општина Струмица: с. Куклиш (дива депонија);
- Општина Струмица: с. Банско (дива депонија);
- Општина Валандово: с. Казандол (шума);
- Општина Боговиње: с. Јеловјане (ниска шума);
- Општина Јегуновце: с. Жилче (ниска вегетација);
- Општина Гостивар: м.в. Касарни – с. Горна Бањица (ниска вегетација и ѓубре);
- Општина Прилеп: над Касарните (депонија);
- Општина Прилеп: м.в. Кај Ножот (ниска вегетација);
- Општина Прилеп: кај Дата центар (ниска вегетација и ѓубриште);
- Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
- Општина Виница: с. Градец (нискостеблеста шума);
- Општина Сарај: с. Бојане (ниска вегетација);
- Општина Сарај: Долна Арнакија (ниска вегетација);
- Општина Сарај: Горна Арнакија (ниска вегетација);
- Општина Арачиново: с. Орланци (ниска вегетација и ѓубре);
- Општина Чучер-Сандево: с. Кучевишка Бара (ниска вегетација);
- Општина Студеничани: с. Цветово (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
- Општина Шуто Оризари: ул. „Брсјачка Буна“ (ѓубриште);
- Општина Могила: с. Вашарејца (ниска вегетација);
- Општина Липково: с. Матејче (ниска вегетација);
- Општина Липково: с. Гошинце (ниска шума);
- Општина Ранковце: с. Герман (патничко возило и борова шума);
- Општина Куманово: Романовски Пат (ниска вегетација);
- Општина Старо Нагоричане: с. Зебарњак (ниска вегетација);
- Општина Струга: с. Заграчани (ниска вегетација).