Изминатото деноноќие изгаснати 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Заклучно со утринава во 7:30 часот, на територијата на Македонија, регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои ниту еден не е активен, еден е под контрола, а 17 пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што посочуваат од ЦУК, под контрола е пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште кај селото Белица во местото викано Кајорец (Општина Македонски Брод), со проширување кон Јасен (Општина Сопиште), каде гори нискостеблеста и мешана шума.

Изгаснати се пожарите во Општина Сарај: с. Сарај (ниска вегетација); Општина Бутел: с. Љуботен (ниска вегетација); Општина Центар: ул. „Народен Фронт“ (ниска вегетација); Општина Битола: с. Лавци – с. Брусник (ниска вегетација); Општина Могила: с. Могила (стрништа и ниска вегетација); Општина Прилеп: с. Мало Коњари (ниска вегетација); Општина Струмица: с. Габрово (депонија); Општина Радовиш: с. Калаузлија (ниска вегетација); Општина Струга: с. Заграчани (ниска вегетација и стрниште); Општина Струга: наспроти фабриката „Магна“ (ниска вегетација и грмушки); Општина Дебар: с. Коњари (ниска вегетација); Општина Велес: с. Раштани – с. Превалец (ниска вегетација, ѓубре и лозје); Општина Куманово: с. Речица (ниска вегетација); Општина Куманово: депонија Краста (ѓубре); Општина Тетово: с. Порој (ниска вегетација); Општина Врапчиште: с. Врапчиште – с. Топлица (ниска вегетација); и Општина Врапчиште: с. Сенокос (ниска вегетација).