Изминатите денови се случиле 21 сообраќајна незгода

Во текот на изминатите денови (03 и 04.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 18 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престигнување, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатите денови издадени се 52 мандатни платни налози и 35 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатите денови се случиле 21 сообраќајна незгода во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 14 лица со телесни повреди.