Измени во возниот ред на линијата 25 која сообраќа до Средно Водно

Од претстојниот викенд (23-24.02.2019 година) ќе биде зголемен бројот на поаѓања на автобуси на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно). На посочената линија во ударните термини ќе возат по уште 2 автобуса за разлика од досега.


Притоа, редуцирани ќе бидат термините на поаѓања на линиите 25А (Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно).