Изменет сообраќаен режим за Водици во Скопје

Изменет сообраќаен режим ќе биде воведен утре за празникот Водици на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти МВР.

Во периодот од 10 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците Филип Втори до булеварот Гоце Делчев и улицата Кеј 13-ти Ноември до булеварот Кочо Рацин.

Во општината Ѓорче Петров од 10 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по булеварот Партизански Одреди, десно по улицата Ѓорче Петров, лево по улицата Васил Чакаларов, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата Демир Трајко и лево по улицата Васил Чакаларов до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.