Изменет сообраќаен режим од Карпош 3 до мостот „Обединети нации“

Јавното сообраќајно претпријатие преку соопштение информира дека од денеска до 3 септември, поради геодетски мерења и вадење кернови од страна на друштвото за градежништво, промет и услуги „Геинг“, на потегот на булеварот Партизански одреди од раскрсницата со булеварот 8 Септември до мостот „Обединети нации“ можно е забавување на протокот на јавниот превоз.

Автобусите и автобуските постојки ќе функционираат вообичаено, велат од ЈСП, но додаваат дека се можни одредени застои поради условите на терен.