Измамник се претставувал како волонтер на Црвен Крст и собирал донации низ Скопје

Момче на возраст од 23 до 25 години, високо над два метри, облечено со црна зимска јакна и исто такви фармерки, со капа на главата и маска на лицето, ѕвони и тропа од врата на врата во скопската населба Аеродром и бара пари од граѓаните, наводно за потребите на Црвениот крст на Македонија, дознава Слободен печат.

Сепак, од Црвениот крст се оградуваат од ваквите информации и ги информираат граѓаните дека за јануари 2022 нема акции волонтери на терен кои ѕвонат од врата на врата и собираат донации низ главниот град. 

Некои од граѓаните сфатиле дека е измама, но има и такви кои поверувале и дале скромна донација. Од Црвениот крст нагласуваат дека нивните претставници се лесно забележливи и дека сигурно не се облечени во темна облека.