Измамник од Охрид „собрал“ безмалку 15.000 евра од своите жртви

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Р.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Тој, во периодот март-мај 2021 година, довел во заблуда 48-годишен маж и 37-годижен маж, двајцата од Кичево, и им ветил дека од странство по поволни услови може да им набави работни машини и моторно возило-комби.

За таа цел, оштетените во неколку наврати, на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена.