Измамник излажал три лица и им земал 159.000 денари

Три лица на возраст од 23, 30 и 36 години биле излажани од измамник кој им земал вкупно 159.000 денари.

- На 22.12.2022 во СВР Битола, три лица од демирхисарско на возраст од 30, 23 и 36 години пријавиле дека биле измамени од В.М. од с.Горно Оризари, битолско, за суми од 118.000 денари, 20.000 денари и 21.000 денари, информира МВР.

Според пријавеното, во периодот од јули 2021 година до пријавувањето, лицето им ветувало дека ќе им посредува во извршување на различни услуги и за тоа од нив барал надомест.

Како што е пријавено, тие му ги дале парите, но услугите не биле завршени и лицето не им се јавувало на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.