
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(67) и Д.С.(43), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тие, делото го сториле на 06.08.2026 на улицата „15 Корпус“ во Струга, каде пресретнале 88- годишно лице од струшко село и со намера за себе да прибават противправна имотна корист, го довеле во заблуда и со лажно прикажување го навеле да им донесе пари.
На тој начин, пријавените се стекнале со противправна парична корист од околу 300.000 денари.