Измамена 84-годишна жена - ѝ јавиле дека ќерката предизвикала сообраќајка и изнудиле пари

На 31.03.2021 во 18.00 часот во СВР Скопје, 84-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице.

Според пријавеното, на 30.03.2021 околу 16.00 часот едно лице телефонски ја известило дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во која има повредено дете-мигрант, а потоа друго лице ѝ се претставило како нејзината ќерка и од неа побарало пари.

Исто така, според пријавеното, по кратко време пред зграда на подрачјето на Аеродром пријавителката на непознато лице му ја дала претходнодоговорената сума пари, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.