Измамена 83-годишна жена, и кажале дека ќерка и прегазила дете мигрант и дека треба да плати

Нов случај на измама во Скопје врз повозрасно лице. Имено вчера во 18:00 часот 83-годишна жена била измамена од едно лице за сума од 50 илјади денари.

„Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, кое починало, и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена“.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.