Измамен 64-годишен тетовец, преку социјална мрежа пратил слика од лична карта и трансакциска а тие му подигнале брз кредит

64-годишен тетовец вчера во СВР Тетово пријавил дека бил жртва на измама. Имено во мај месец преку социјална мрежа, лице го довело до заблуда така што побарал на негова сметка да пристигнуваат пари од страна на роднини на лицето во странство. Тетовецот за возврат испратил слика од неговата лична карта и трансакциска сметка и во два наврати му пристигнале 45 илјади денари кои му ги дал на машко лице од Скопје при што бил блокиран од профилот на кој комуницирал.

Но тука не завршиле маките на тетовецот. Вчера на негова адреса пристигнало писмо од финансиско друштво од каде се барало да ја подмири ратата за брз кредит кој тој никогаш не го подигнал по што му станало јасно дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.