Измама во кочанско, злоупотребила податоци за да подигнува кредити на туѓо име

На 09.06.2021 во 12.30 часот во ОВР Кочани, 28-годишен жител на село од општина Зрновци пријавил дека на 07/08.06.2021 бил измамен за сума од 76.500 денари од лице со кориснички фејсбук профил М.И..

Според пријавеното, женското лице успеало да ги обезбеди неговите лични податоци и податоците за неговата транскациска сметка и без негова согласност во два наврати аплицирала за брзи кредити во негово име.

Исто така, според пријавеното, кога пристигнале парите на негова сметка го довела во заблуда дека парите ги испратиле нејзини роднини од странство, по што и ги дал парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.