Измама во Драчево: Купувач оставил „капар“, заминал со возилото и никогаш не се вратил

На 15.04.2021 во 20.00 часот во Полициската станица Драчево, 24-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од К.Н. од Скопје.

Според пријавеното, на 13.04.2021 околу 17.30 часот во дворот од нејзината куќа дошол К.Н. и со нејзиниот сопруг се договориле за купопродажба на нивното патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, по што К.Н. им дал одредена сума и без да склучи договор го зел возилото и си заминал, со цел да го донесе и останатиот дел од договорената сума, но не се вратил и одбивал да разговара.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.