Изложбениот центар за електрична енергија „Матка“ дел од туристичката понуда на Скопје

Градоначалникот Шилегов и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер, потпишаа Меморандум за соработка со ЕВН за користење на изложбениот центар „Матка“, кој е  прв од ваков вид во регионот.

- По потпишувањето на овој Меморандум, изложбениот центар „Матка“ ќе добие поголема промоција и стане повидлив на туристичката мапа на Скопје. Овој  изложбен центар е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија, а минатата година ја доби и националната награда за општествена одговорност, што ја доделува Министерството за економија – истакна Шилегов.

Тој додаде дека претставници на неколку универзитети во Македонија, на средни и на основни училишта, како и претставници на Бирото за развој на образованието, потпишале Иницијатива за користење на Изложбениот центар „Матка“ во едукативни цели, во насока на унапредување на образовниот процес. Исто така, потсети дека се  предвидени посети на  учениците од средните училишта посетуваат на изложбениот центар во рамките на нивните екскурзии.

- Град Скопје постојано работи на создавање нови содржини што ќе го поттикнат локалниот економски развој и ќе ја збогатат туристичката понуда. Соработката со приватниот сектор во овој процес е од исклучително значење. Матка заслужува поголема грижа со цел максимално искористување на нејзиниот туристички потенцијал. Во таа насока, предвидовме проекти со кои може да се реши сообраќајниот метеж и проблемот со паркирањето. Дополнително Матка ќе ја збогатиме со нови содржини кои ќе ја зголемат атрактивноста на локацијата и ќе придонесат за привлекување на нови туристи. Ние продолжуваме да работиме на поттикнување и создавање на нови урбани содржини кои ќе му дадат на Скопје дополнителен модерен лик.– нагласи Шилегов.