Изложба во чест на Тоше Проески

Изложбата „Спомен куќата на Тоше - чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“ ќе биде поставена на 16 ноември (среда) во 18 часот во Музејот на македонската борба за самостојност.

На изложбатаќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми. Изложбата е во организација на НУ Спомен куќа на Тодор Проески – Крушево и ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември.

Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура.