Изложба „Пролетни празнувања“ во Музеј на Град Скопје

Во Музејот на Град Скопје, вечерва, од 19 часот ќе се отвори изложбата „Пролетни празнувања“, која ги претставува верувањата и обичаите поврзани со прославувањето на циклусот посветен на обновувањето на природата и вегетацијата.

“Изложбата е посветена на доаѓањето на птиците преселници, на новите стопански задачи, на големите селски собори и, секако, на најголемиот христијански празник Велигден. Тоа се измешани пластови на верувања кои креираат сопствена целина”, соопшуваат од Музеј на Град Скопје.