Изложба по повод 15 години од Музејот на македонската борба за самостојност

НУ Музеј на македонската борба за самостојност утре ќе одбележи 15 години од основањето со почеток во 19:00 часот.

Во чест на јубилејот ќе биде отворена ретроспективна изложба на плакати од реализираните изложби, како и презентација на избрани печатени изданија и каталози од изминатите петнаесет години.

Во рамки на програмата ќе биде прикажана и видеопрезентација со архивски материјали од досегашните активности, како осврт кон изложбената, издавачката и програмската дејност на музејот.

-Јубилејот е потсетник на изминатите 15 години, вклучувајќи ги изложбите, проектите и соработките што ја одбележаа работата на музејот, стои во соопштението.

На свеченоста ќе бидат доделени благодарници на лица и институции кои во изминативе години ја помогнале и поддржале работата на музејот.