Изложба на стрипови и промоција на публикацијата „Школа за ангажиран стрип“

Во Младинскиот културен центар вечер, со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена изложба на стрипови и промоција на публикација како завршен настан на Школата за ангажиран стрип.

Проектот Школата за ангажиран стрип (Социјално ангажиран стрип- уметнички практики за општествени промени) е финансиски поддржан од Министерството за култура. Школата за стрип имаше цел да понуди иновативен пристап кон поимањето и потенцијалот на стрипот како медиум низ кој може да се артикулираат релевантни прашања и проблеми во нашето општеството.

Во периодот од април до ноември 2019 година, под раководство на Ѓорѓе Јовановиќ, во рамки на школата се реализираа предавања, работилници, проекции на играни и документарни филмови чиј фокус е стрипот, изработка и поставување стрип постери во јавен простор како и реализација на кратки стрипови.

Учесници на Школата за ангажиран стрип беа : Горица Димовска, Гаја Смилевска, Александар Танчовски, Анастасија Зафировска, Теодор Јуруковски, Јасна Николов, Кристијан Поповски и Делфина Велков. Предавачи на Школата за стрип се истакнати автори од различни области како: Томислав Османли, Славчо Димитров, Жарко Букинац, Далибор Плечиќ и други. Работилниците ги водea ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш.

На изложбата ќе бидат претставени селекција од цртежите работени за време на одржувањето на Школата, како и постерите и финалните стрипови што ги изработија учесниците.