„Во кожата, длабоко: +60“ е уметничка фотографска поставка на ЛГБТИ Центарот, започната за време на програмата за уметнички престој Инстинкт.Берлин.

Фотографот Рафаел Медина портретира девет голи геј мажи. Сите од нив на возраст над 60 години кои живеат во Берлин. Серијата од 35 мм црно-бели фотографии и краток документарец претставуваат визуелно истражување на нивната сексуалност и нивниот однос кон нивните тела. Како што стои во најавата за изложбата испртена до медиумите во портретирањето на старите геј мажи, фотографот го отвара прашањето за стареењ

Овие мажи ја издржаа распространета хомофобија во времето додека растеа и беа сведоци за тоа како нивните заедници се опустошени од ХИВ/СИДА. Тие со децении се бореа за видливост и инклузија.

Тие беа клучни за денешното прифаќање на квир луѓето. Сега, на зрела возраст, тие повторно треба да направат парадоксално искуство: тие, кои се бореа за видливост, повторно се третирани како невидливи, но овојпат од нивната заедница.

Рафаел Медина е бразилски фотограф кој живее и работи во Берлин. Неговата работа се фокусира на портретирање на квир сцената и ги обработува сексуалноста, родовите улоги и прашањето за прифаќањето на телото, акцентирајќи ја различноста на телата.

Рафаел исто така е основач и креативен директор на FLSH Mag, колектив кој ги адресира прашањата за телото и сексот фокусирајќи се на плуралноста на машката голотија, видливоста на десисентните тела и (де)морализацијата на сексот преку статии, фото едиторијали и забави, покрај останатите активности.

Instinct.Berlin е експериментален уметнички проект кој спојува мрежа на уметници кои ги доведуваат во прашање машкоста, родовите улоги и општествените очекувања преку естетско експериментирање, дијалог и создавање на заедница. Изложбата како што информираат од ЛГБТИ Македонија ќе биде отворена до 18 март.