Изложба на дела од проектот „Пензионерски писма“ од лица во трето доба

Проектот „Пензионерски писма“ ќе се финализира денеска со изложба на уметнички дела од лица во трета доба во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.

Овој проект се реализира во рамки на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ при Црвениот крст на град Скопје во соработка со Агенцијата за пошти.

Проектот континуирано се спроведува веќе шест месеци и има за цел да ја промовира историјата, културата и етнологијата во Република Македонија преку уметноста, поврзувајќи ја со поштенската дејност како дел од традицијата во нашата земја.